Зеленски одобрил 40-дневна кампања за притисок врз Русија

Макфакс

25/06/2026

21:10

310

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави 40-дневна кампања со цел да се изврши притисок врз Русија за запирање на војната, истакнувајќи дека украинските сили продолжуваат со напади врз руски воени и енергетски цели.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека одобрил 40-дневна операција чија цел е да се изврши притисок врз Русија да ја прекине војната.

„Одобрив 40-дневна операција за да се влијае врз државата агресор и да се изврши притисок за запирање на војната“, напиша Зеленски на Телеграм.

Тој изјави дека Украина продолжува со напади врз руски воени и енергетски цели и оцени дека руската логистика и окупациските сили трпат големи загуби.

Зеленски тврди и дека украинските разузнавачки служби дошле до доверливи руски документи кои, според него, покажуваат дека руското раководство чувствува силен притисок поради украинската стратегија.

Тој додаде дека веќе издал нови наредби до разузнавачките служби и армијата за продолжување на нападите врз локации што Русија ги користи за водење на војната.