Трибините во Гвадалахара го видоа најоткачениот фан во историјата на Светските првенства

Дерби

24/06/2026

13:00

448

Големина на фонт

а а а

Стадионот „Акрон“ во Гвадалахара рано утрово беше домаќин на натпреварот меѓу Колумбија и ДР Конго, а иако видовме очекувана победа на јужноамериканската селекција, светската јавност на овој натпревар го виде и најоткачениот фан на Светските првенства.

Лумумба Веа е познат и ексцентричен фан на фудаблската репрезентацина на ДР Конго и тој привлече внимание уште во најавата за мндијалот, пред се поради необичниот стил и позата со која го бодри својот тим.

Веа останува целосно неподвижен и имитира статуа во текот на сите 90 минути, а поради необичниот стил на навивање стана светска сензација и сите го чекаа неговото шоу на мундијалот.

Поради здравствен проблем и нерегуларности со визата, Веа го пропушти првиот натпревар на ДР Конго против Португалија, но рано утрово беше хит на трибините во Гвадалахара каде голем број фанови се запознаа со најоткачениот навивач.

Високо кренатата рака кон небото е симболика на херојот и првиот премиер на ДР Конго во историјата, Патрис Лумумба, а токму со таа поза има статуа од Лумумба во Киншаса.

Неговиот уметнички и патриотски перформанс ги претставува вредностите на достоинство, слобода и суверенитет на ДР Конго, па токму поради тоа тој е вистински хит во својата земја.