Роналдо Назарио изненади германски репрезентативец со специјален подарок, овој испрати ветување: Ќе ја направам неговата фамозна фризура

Дерби

24/06/2026

14:28

308

Големина на фонт

а а а

Роналдо Назарио остави фудбалски белег кај милиони фанови ширум светот, а истото важи и за фудаблските ѕвезди кои две децении по неговите магии имаат шанса да се докажуваат на најголемата фудаблска сцена.

Џејми Левелинг е германски репрезентативец и добива шанса како „џокер“ од клупата на Јулијан Нагелсман, но како млад фудбалер кој се заљубил во фудбалската магија на Бразилецот Роналдо, сега доби подарок кој сигурно ќе има посебно место во неговиот дом.

Популарниот „Р9“ му испрати потпишан дрес на Левелинг со негово име, а германскиот репрезентативец сега најави дека ќе му се оддолжи на специјален начин ако Германија стигне до финалето на Светското првенство.

– Има уште доста натпревари до финалето, но ако стигнеме до таму и победиме, дефинитивно ќе ја направам фамозната фризура на Роналдо. Тоа е ветување кое го давам со голема радост на лицето, – изјави Левелинг.

Фудбалерот на Штутгарт своето мундијалско деби го имаше пред неколку дена, кога селекторот Нагелсман го внесе во игра во последните 30 минути од натпреварот со Брегот на Слоновата Коска, дуел на кој Германците направија пресврт по неговото влегување во игра.