Кејн за несекојдневната утка која ја поврзуваат со „црна магија“: Доволно сум искусен за да знам една работа

Дерби

24/06/2026

13:54

328

Големина на фонт

а а а

Хари Кејн не беше премногу инволвиран во играта на Англија и беше евидентно дека една негова шанса може да направи главна разлика на натпреварот со Гана, па иако дочека такво нешто во 86-та минута, капитенот на „гордиот албион“ реагираше некарактеристично лошо.

Напаѓачот ја дочека одбиената топка од гредата и ја испрати истата далеку над голот, па така пропадна последната голема шанса на Англија да освои три бода и уште по второто коло да завери пласман во нокаут фазата.

Оваа некарактеристична утка на Кејн стана вирална и поради фактот што фудаблските фанови ја поврзуваат со „црна магија“, односно со пророштвото на африканскиот шаман кој пред натпреварот најави дека ќе направи се за да го сопре најопасниот играч на свој начин.

Бидејќи натпреварот заврши 0:0 и Кејн не реализираше стопроцентна шанса, изјавата на Бонсам стана вирална, а Кејн мораше да дава одговор за големото промашување.

– Има и вакви натпревари во фудбалот. Чекав да ми се укаже шанса и го дочекав тоа. Ова беше вид на натпревар каде напаѓачот само чека топката да отскокне и да дојде до него. На крајот тоа и се случи, но едноставно не ја зафатив добро топката. Во најголем дел од такви ситуации постигнувам гол, но сега не беше така. Доволно сум долго во оваа игра за да знам дека не може секогаш да погодувате. Мора да го прифатам тоа и да продолжам напред. Освоивме бод, треба да го ставиме во џеб и да се насочиме на следниот меч кој следи, – изјави Кејн.