Вилијамс со порака за неговата иднина: Ако зависи од мене…

Дерби

19/06/2026

15:45

314

Големина на фонт

а а а

Нико Вилијамс бележи пад во формата по Европското првенство во 2024 година, шампионат на кој беше меѓу најзначајните играчи за пехарот на Шпанија.

Потоа тој пропушти две шанси да заврши во Барселона за да на крајот потпише договор со Атлетик Билбао до 2035 година. Тој ги шокираше сите со овој потег затоа што се работи за офанзивец со огромен квалитет, потенцијал кој може да игра за подобар, поголем клуб, но офанзивецот има јасен став и потврда за тоа е последната порака од него дека сака да остане тука до крајот на животот.

- Се чувствувам многу удобно во Атлетик. Првото нешто што сакам да го направам е да им возвратам за љубовта што ми ја дадоа оваа година. Би сакал да го одработам целиот мој договор – би го потпишал тоа веднаш – но во фудбалот сè може да се случи. Ако клубот сака да се ослободи од мене, тогаш ќе морам да си заминам, но ако зависи од мене, би потпишал да бидам таму до крајот на животот, - вели Нико кој верува дека ќе биде 100 проценти подготвен за нокаут фазата на СП секако под услов Шпанија таму да се најде.

- Мислам дека ќе бидам 100% подготвен пред нокаут фазата, токму на време за натпреварот против Уругвај. Се обидуваме да го забрзаме процесот на закрепнување, иако со одредено ниво на претпазливост. Враќањето на таа острина по толку долго отсуство е тешко, но мислам дека ќе бидам добро за натпреварот против Уругвај. Треба да влезам во ритам против Саудиска Арабија, но шефот е тој што одлучува колку минути ќе играм.

- За мене, кога се враќам од повреда, подобро е да ја започнам играта за да можам да влезам во ист ритам како моите противници и соиграчи, но ќе бидам среќен со која било улога што ќе ја добијам, - порача помладиот од браќата Вилијамс.