Фердинанд: Англија има само еден играч кој е светска класа во актуелниот тим

Дерби

19/06/2026

11:14

285

Големина на фонт

а а а

Рио Фердинанд побара од челниците на Манчестер Јунајтед да ја преиспитаат одлуката и да размислат околу втора шанса за Маркус Рашфорд на „Олд Трафорд“, но во најновата епизода на својот јутјуб канал, легендарниот стопер воглавно се задржа на случувањата во англискиот тим.

Англија отвори со посакувана победа на мундијалот и прикажа игра која ветува добри нешта, а иако во пресметката со „коцкестите“ одлична работа завршија неколку првотимци, Рио Фердинанд смета дека само еден отскокнува значително од останатите.

Додека Диди Хаман вели дека Хари Кејн не е играч за големи натпревари, Рио има сосема спротивно мислење, бидејќи легендата на Јујнајтед верува дека тој е единствениот играч од актуелниот тим кој важи за светска класа.

– Хари Кејн е нашиот единствен играч кој е светска класа во моментов. Има и други играчи кои се блиску до тао, но капитенот е единствен кој е светска класа во моментов.

– Ако ги гледате играчите кои седат на самиот врв во фудбалот и гледате дека таму им е комотно, тогаш таму дефинитивно го има и Кејн. Тој е лидерот на Англија, – порача Рио.