Најбизарната AI фотографија од Светското првенство

Точка

17/06/2026

17:56

552

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се прошири фотографија од наводен двојник на Хитлер на натпреварот од Светското првенство меѓу Германија и Курасао, а објавата собра милиони прегледи. Додека Германија на теренот славеше убедлива победа од 7:1, надвор од теренот вниманието го привлече фотографија од навивач во германски дрес кој потсетува на Адолф Хитлер. Сепак, станува збор за лажна фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција.

Фотографијата се прошири на повеќе платформи. Само една објава на „X“ собра повеќе од три милиони прегледи, додека на „Instagram“ доби над 460.000 лајкови.

„Тој беше еден од најголемите навивачи денес“

Тврдењето се ширеше на неколку јазици, вклучувајќи шпански на „Facebook“ и руски на „Threads“.

Некои објави имаа и антигермански тон, како онаа на „Reddit“, во која саркастично беше напишано:

„Секогаш е прекрасно да се види како навивачите навистина доаѓаат да ја поддржат својата репрезентација!“

„Хитлер денес беше еден од најголемите навивачи на натпреварот“ и „Ова е најзабавното Светско првенство досега“ беа само дел од коментарите кои масовно се споделуваа.

Споредбата со оригиналната снимка ја откри вистината

Спорната фотографија изгледа како кадар од телевизиски пренос, со временска ознака што одговара на судиското продолжение од првото полувреме, непосредно откако Каи Хаверц реализираше пенал за водство на Германија од 3:1.

Но, проверката на оригиналната снимка од преносот на германската јавна телевизија „ARD“ покажува иста група навивачи како слават, но без наводниот двојник на Хитлер.

Наместо него, на снимката се гледа седокос маж кој воопшто не наликува на него.

Алатките за детекција укажуваат на манипулација

Следниот чекор во проверката бил да се утврди дали фотографијата е создадена или изменета со помош на вештачка интелигенција.

Денес многу AI алатки овозможуваат проверка на содржина бидејќи во генерираните фотографии вградуваат дигитален воден жиг, невидлив за човечкото око.

Проверката преку алатката на компанијата „OpenAI“, која стои зад „ChatGPT“, покажала дека нејзините системи биле искористени за создавање на лажната фотографија.

Во анализата се наведува дека е „пронајден воден жиг „SynthID“ кој потекнува од „OpenAI"“.

Дополнителни индиции дал и „Gemini“ на „Google“, кој навел дека постои „силен показател“ дека фотографијата е дигитално изменета, иако не бил користен системот на „Google“ за нејзино создавање.

Трета алатка, „Grok“ на платформата „X“, ја опишала фотографијата како „класична измама“.


Три независни системи дојдоа до ист заклучок

Одговарајќи на прашање од корисник под виралната објава, „Grok“ навел:

„Оваа фотографија не е вистинска. Таа е дигитално изменета, со помош на вештачка интелигенција или „Photoshop“, така што Адолф Хитлер е вметнат во толпата на Светското првенство 2026.“

Иако ваквите алатки секогаш треба да се користат со одредена доза претпазливост, во овој случај три одделни системи дошле до речиси идентични заклучоци – фотографијата не е автентична и претставува уште еден пример за тоа колку убедливо може да изгледа содржина создадена со помош на вештачка интелигенција.