[ФОТО] „MrBeast“ достигна историска бројка од 500 милиони претплатници на Јутјуб, му честиташе и основачот на платформата

Точка

14/06/2026

09:10

880

Големина на фонт

а а а

Најпознатиот светски јутјубер „MrBeast“ стана првиот креатор на содржини во историјата кој ја надмина границата од 500 милиони претплатници на својот канал на Јутјуб.

Веста ја објави извршниот директор на Јутјуб, Нил Мохан, кој на социјалните мрежи му честиташе на „MrBeast“ за овој рекорден успех, истакнувајќи дека станува збор за историски момент за дигиталната индустрија и креаторите на содржини ширум светот.

„Ова достигнување покажува што е можно кога креаторот има слобода да ја следи својата креативност и да остане автентичен. Џими е неверојатен иноватор и горди сме што сме дел од неговото патување“, порача Мохан.

„MrBeast“, чие вистинско име е Џими Доналдсон, во последните години доминира на Јутјуб сцената благодарение на спектакуларните предизвици, хуманитарните проекти и продукциски сложените видеозаписи кои редовно привлекуваат десетици милиони прегледи.

Границата од 500 милиони претплатници претставува нов рекорд на платформата и дополнително го потврдува статусот на „MrBeast“ како највлијателен поединечен креатор на содржини во светот. Неговиот успех се смета за еден од најголемите во историјата на дигиталните медиуми и социјалните мрежи.