Валдано застана во одбрана на најисмеваниот бразилски стартер: Фудбалот е суров и брутален, но треба да се има граница

Дерби

15/06/2026

13:44

369

Големина на фонт

а а а

Игор Тиаго беше вистинска сензација во Премиер лигата со своите 22 голови кои ги постигна во Брентфорд, но токму тој уште еднаш дозна колку може да биде сурова страната на фудбалот која е задолжена за сеир.

Иако неговите бројки беа импресивни на клупски план и неговата приказна беше посочувана како една од најимпресивните, еден лош мундијалски натпревар беше доволен за да се претвори во „меме“ на социјалните мрежи, а повод за такво нешто дадоа и бразилските медиуми.

Тиаго доби доста критики за неколку лоши реакции на натпреварот против Мароко, па во период кога доживува вистински линч на социјалните мрежи во вид на потценувачки видеа, во одбрана на напаѓачот застана легендарниот Хорхе Валдано.

– Фудбалот може да биде многу суров и Тиаго се увери во тоа. Една недела ве фалат за постигнување на двоцифрен број на голови во најтешката лига во светот, а следната недела луѓето се прашуваат дали знае воопшто каде е голот. Видов брутални шеги и видов луѓе што се прашуваат како постигнал повеќе од 20 голови во Премиер лигата.

– Фудбалот е брутален спорт, никој не се сеќава на головите кои сте ги постигнале, кога ќе промашите голема шанса. Имаше шанси што можеа да го променат мечот, но да се однесувате како да не постигнал гол во животот, тоа е претерано. Треба да се има граница, тој не се криеше и влегуваше во шанси, затоа ми изгледа смешно се ова што се случува. Бразил не треба да биде загрижен поради Тиаго, треба да биде загрижен за тоа колку тимот изгледаше неповрзано на моменти. Ако Бразил продолжи да игра вака, Тиаго нема да биде единствениот играч кој ќе се соочува со критики, – вели Валдано.