Јапонија има поставено долгорочна цел до 2050 година да го освои пехарот на Светските првенства, па има доста луѓе кои на ова гледаат со потценување, како нереална цел, но „самураите“ вредно работат и веруваат дека овој резултат веќе може да дојде на турнирот во САД, Мексико и Канада.
Дефанзивецот Јукинари Сугавара кој минатава сезона ја мина на позајмица во бундеслигашот Вердер Бремер испрати јасна порака дека не се дојдени на турнирот само поради забава, учество туку за да победат.
-Дојдовме тука за да го освоиме Светското првенство. Не дојдовме тука само за забава. Мора да бидеме подготвени за тоа [предизвикот да го освоиме Светското првенство].Мора да се бориме за тоа. Мора да се бориме за нашата земја, нашето семејство, нашите пријатели и за целиот јапонски народ. Подготвени сме да тргнеме, -истакна Сугавара кој даде коментар за првиот меч, соочувањето со Холандија.
-Ќе биде навистина голем натпревар и тежок. Светското првенство никогаш нема лесни натпревари, а Холандија е доста добар тим. Ќе мораме да подготвиме сè, ментално, физички — анализирајќи сè, но ги направивме и тие работи. Сега сме подготвени да победиме во натпревар и сме подготвени да тргнеме [во недела], -порача Јуки кој има искуство со настапи во холандскиот фудбал.







