ФИФА ќе му го исплати хонорарот на судијата кој не доби дозвола за влез во САД

Дерби

14/06/2026

16:06

307

Големина на фонт

а а а

Светската фудбалска федерација призна дека е немоќна пред американските власти и нивното право да забранат влез на одредено лице на својата територија, па најголема жртва на ваквата политика беше Омар Артан.

Судијата од Сомалија беше избран меѓу најелитните светски судии кои треба да делат правда на мундијалот, но по испрашувањето од имиграциските служби на аеродромот во Мајами, Артан беше насочен кон повратен лет до Истанбул, по што се вратил во својата татковина.

34-годишниот судија нема да може да дебитира на најважниот турнир во својата кариера, но ФИФА сега истакна дека ќе му го исплати хонорарот исто како да бил дел од СП 2026.

– Ги имав сите потребни документи и исправна виза. Јас едноставно сум судија кој сакаше да го исполни својот сон да суди на СП, – изјави Артан, кој наводно не добил дозвола за влез затоа што бил поврзан со припадници на терористичка организација во својата татковина.

Судиите не знаат каков надомест ќе добијат за ангажманот на СП и тоа ќе го добијат како информација по крајот на турнирот, но јасно е дека ФИФА се обидува да направи одредена компензација, посебно што хонорарите варираат и во однос на бројот на отсудени натпревари.

УЕФА уште пред неколку дена соопшти дека сомалискиот судија ќе биде делегиран за европскиот Суперкуп меѓу ПСЖ и Астон Вила.