Нагелсман откри тројца сигурни стартери и стави крај на дебатата во германските медиуми

Дерби

14/06/2026

16:07

255

Големина на фонт

а а а

Германија ќе го отвори настапот на СП 2026 како голем фаворит во дуелот со Курасао, а она за што најмногу се збореше во германската јавност периодов е изборот на селекторот за стартниот состав на премиерата.

Јулијан Нагелсман располага со многу квалитетни играчи и таа сериозна конкуренција му носи и одредени дилеми, вклучувајќи ја и таа за статусот на Џамал Мусиала.

Јирген Клоп и Томас Милер сметаа дека Дениз Ундав дека треба да добие предност во однос на ѕвездата на Баерн Минхен, Лотар Матеус го тврдеше спротивното, а Нагелсман потврдил дека се сложува со највозрасниот во ова друштво.

– Сите 26 фудбалери се здрави и подготвени за настап, вклучувајќи го Нојер кој ќе биде на теренот против Курасао.

– Шанса да биде стартер ќе има и Натаниел Браун, а во однос на дебатата за Мусиала, се сложувам со Матеус. Му требаат уште неколку чекори за да биде во топ форма, но истите може да ги направи само ако му дозволиме да игра. Имаме целосна доверба во него и за добар резултат на ова СП, потребен ни е Џамал во топ форма, – рекол Нагелсман, кој на овој начин потврдил тројца сигурни стартери за Германија.