Бразил отвори со реми на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, но ако се земе во предвид какво отворање на мечот имаше фаворитот, конечните 1:1 можат да бидат и добро прифатени.
Мароко имаше подобар старт и сосема заслужено поведе со 1:0 со голот на Саибари, но генералниот впечаток беше дека африканскиот тим изгледа далеку повоиграно и покомпактно во тој момент.
Бразил поседува голем потенцијал и се врати во игра со одличен индивидуален потег на Винисиус Жуниор, но ако се собере комплетната слика која беше прикажана, Карло Анчелоти не е баш најимпресиониран.
Италијанскиот стручњак најави дека ќе очекува многу повеќе од својот тим во продолжение од мундијалот, особено во поглед на концентрацијата и влезот во натпреварите.
– Не го отворивме добро натпреварот и тоа е единствената работа која ме загрижува и која ќе мора добро да ја анализираме. Загубивме многу дуели и подаривме многу поседи. Имавме проблеми при изнесувањето на топката, не можевме да се справиме со нивниот висок притисок. Не сум баш задоволен од тоа што го прикажавме, иако во второто полувреме се поправивме. Ова беше тежок натпревар, Мароко не е воопшто лесен ривал. Сакав да имаме повеќе контрола на мечот, очекував повеќе од нас, но вакви работи се случуваат во фудбалот. Сега се фокусираме на вториот меч и очекувам да бидеме подобри, – изјави Анчелоти.







