Подобрата иднина се гради преку одлуките што ги носиме денес и преку подготвеноста да преземеме одговорност за просторот и луѓето околу нас. Токму оваа порака ја споделува ТВ-водителката и актерка Владанка Крстевски, која се вклучува во иницијативата на dm drogerie markt „Иднина која инспирира“.
Во својата приказна, Владанка зборува за една конкретна потреба што ја препознала во непосредната околина. Нејзината заложба е малото катче пред зградата во која живее да биде обновено, уредено и претворено во сигурен простор во кој децата ќе можат слободно да играат, да се дружат и да создаваат убави спомени.
За неа, ваквата идеја е доказ дека позитивното влијание не мора секогаш да започне со голем и сложен потфат. Доволно е некој да ја забележи потребата, да го направи првиот чекор и да ги охрабри и останатите да придонесат.
- Замисли што би се случило ако сите ние направиме по еден мал чекор во заедницата. Тогаш не само што ќе сонуваме за подобра иднина, туку ќе ја создадеме заедно. А ти, ќе останеш во зоната на удобност или ќе создадеш иднина која инспирира? - вели Владанка.
Преку „Иднина која инспирира“, dm ги повикува граѓаните да не останат само набљудувачи, туку да се вклучат во создавањето позитивни промени. Платформата е наменета за споделување лични примери на општествена ангажираност на следниот линк, но и за пријавување проекти што им овозможуваат на луѓето активно да учествуваат преку волонтерство на следниот линк.
Во рамките на иницијативата се опфатени три значајни насоки. Првата се однесува на солидарноста, меѓусебната грижа и поголемата вклученост во заедницата. Втората ги опфаќа еднаквите можности, образованието, инклузијата и создавањето услови за личен и општествен напредок. Третата е насочена кон одговорен однос кон животната средина и применување решенија што придонесуваат за поодржливо секојдневие.
Граѓаните можат преку платформата да ги претстават своите лични искуства, иницијативи и активности со кои веќе придонесуваат во средината во која живеат. Организациите, здруженијата и институциите, пак, имаат можност да достават проекти во кои е предвидено конкретно учество на волонтери или јасен начин на кој заинтересираните граѓани ќе можат да се приклучат.
Повикот е отворен до 31 јули 2026 година. По завршувањето на пријавувањето, пристигнатите проекти ќе бидат оценети од стручно жири, а избраните иницијативи ќе добијат поддршка од dm во форма на донација.
Со „Иднина која инспирира“, dm создава можност добрите намери да прераснат во видливи активности, а поединечните иницијативи да добијат поширока поддршка. Без разлика дали станува збор за лична приказна, волонтерска активност, идеја за подобрување на локалната средина или проект со пошироко општествено значење, секој придонес може да отвори пат кон промена што ќе продолжи да се шири.
Активирајте се, споделете ја својата приказна и придонесете кон создавање средина во која добрите идеи добиваат можност да станат реалност. Иднината започнува со луѓето кои одлучуваат да направат нешто денес.















