[ФОТО] Царината не наседна: Го сопреа на Богородица, а потоа открија што криел низ изнајменото возило

Точка

11/06/2026

10:42

1.475

Големина на фонт

а а а

Македонски државјанин е откриен при обид за криумчарење десет лаптопи DELL вредни речиси 13 илјади евра на граничниот премин Богородица, откако царинските службеници извршија претрес на возилото кое го користеше осомничениот.

Македонски државјанин фатен при обид за криумчарење

Македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра при влез во државата на граничниот премин Богородица, извести Царинската управа.

Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиле претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле пронајдени нови лаптопи од марката DELL.

Во предистражната постапка спроведена од страна на Одделението за истраги е утврдено дека осомничениот, откако во Солун од карго-компанија подигнал десет преносни DELL компјутери, со намера да ги криумчари, на паркинг простор во Грција ги скрил на различни места во возилото со кое патувал.

Против лицето, поднесена е кривична пријава до ОЈО Гевгелија поради основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик, соопшти Царинската управа.