Правилното складирање на храната, особено на месото, е исклучително важно за зачувување на неговиот квалитет и здравствена исправност. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид месо има одреден период во кој може безбедно да се чува во замрзнувач.
Многу домаќинки по купувањето го замрзнуваат месото, но често се поставува прашањето колку долго тоа всушност може да стои без губење на квалитетот.
Цело пиле или мисирка може да се чува во замрзнувач до 12 месеци. Кога станува збор за парчиња месо како гради, копани, надкопани или крилца, се препорачува да се потрошат во рок од 9 месеци. Изнутриците не треба да се чуваат замрзнати подолго од 3 до 4 месеци.

Свежото црвено месо може да се чува од неколку месеци до една година, во зависност од видот и формата. Сировите стекови можат да траат меѓу 6 и 12 месеци, додека котлетите поради присуството на коски имаат пократок рок од 4 до 6 месеци. Печеното месо може да се замрзне и да се чува од 4 месеци до една година.
Без оглед на видот, сировото мелено месо не треба да се чува во замрзнувач подолго од 3 до 4 месеци. Правилното следење на роковите за замрзнување помага месото да го задржи квалитетот, вкусот и безбедноста за консумирање, а воедно го намалува ризикот од расипување и фрлање храна.

Сировото свинско месо може да се чува слично како и говедското. Свинското месо исечено на коцки може да трае 4 до 6 месеци во замрзнувач, додека печеното може да биде употребливо и до 12 месеци. Преработените производи како сланина, колбаси, виршли и шунка имаат значително пократок рок на траење и се препорачува да се употребат во рок од еден до два месеца.