12 секунди чист ужас: Огромен кит за малку ќе проголтал нуркач – снимка што ја замрзнува крвта во вените

Точка

07/06/2026

10:20

1.409

Големина на фонт

а а а

Нуркачите кои го снимале подводниот свет во близина на брегот на Јужна Африка не ни претпоставувале дека нивната авантура ќе се претвори во драматичен момент.

Додека биле во водата и следеле јато сардини, се нашле во сосема неочекувана ситуација, пренесува „Daily Mail“.


Одржувајте безбедно растојание

На снимката е забележан моментот кога на еден од нуркачите ненадејно му се приближил Брајдов кит (Balaenoptera brydei), кој бил во потрага по храна.

Морскиот џин ги отворил челустите и за малку ќе го проголтал нуркачот, минувајќи само неколку сантиметри покрај него!

Брајдовиот кит може да достигне должина до 14 метри и тежина од дури 50 тони. Овој вид не лови луѓе, туку се храни така што со голема брзина голта огромни количества вода заедно со јата риби.

Експертите предупредуваат дека луѓето можат да се најдат во сериозна опасност доколку премногу им се приближат на ваквите китови додека тие бараат храна. Едноставно, може да бидат „вшмукани“ заедно со голема количина вода.

Препораката на експертите е да се одржува растојание од најмалку 90 метри, а уште поголемо доколку во близина има младенче.


Го проголтал грбав кит

Случајот од Јужна Африка потсети на приказната на Американецот Мајкл Пакард, кој завршил во устата на огромен грбав кит.

Нуркачот, кој повеќе од четири децении собира јастози, имал неверојатна среќа да остане жив, а своето застрашувачко искуство подоцна го раскажал за медиумите.

Сè се случило на почетокот на јуни 2021 година, во близина на брегот на Провинстаун, кога грбавиот кит накратко го голтнал пред повторно да го исфрли на површината.