И покрај фактот дека носи сина крв, таа не беше приоритетна пред другите пациенти кои чекаа шанса за живот.
На крунската принцеза Мете-Марит (52) ѝ беше дијагностицирана белодробна фиброза во 2018 година, но нејзината состојба стануваше сè посериозна во последните месеци.
Според соопштението на Палатата, таа беше ставена на листата на чекање за трансплантација на бели дробови.

Палатата нагласи дека нејзината состојба е „сериозна“ и дека ѝ е потребна трансплантација „што е можно поскоро“. Сепак, иако таа е наследничка на престолот, тоа не ѝ одеше во прилог, па како и сите други, таа беше ставена на чекање додека не се појави соодветен донатор.
Да потсетиме, на Мете-Марит (52) во 2018 година ѝ беше дијагностицирана белодробна фиброза, неизлечива состојба што предизвикува лузни на белите дробови и го отежнува дишењето.
Потоа неодамна беше видена како користи кислород за време на јавни настапи, а претходно оваа недела беше фотографирана како пристигнува во Универзитетската болница во Осло.
Нејзиниот сопруг, престолонаследникот Хакон од Норвешка, го прилагоди својот распоред за да биде со неа и го скрати своето официјално патување во Јапонија оваа недела за да се врати дома порано. Покрај тоа, двојката ја одложи прославата на нивната сребрена годишнина од бракот, која беше закажана за август.

Во меѓувреме, ќерката на Мете-Марит, принцезата Ингрид Александра (22), се врати дома од студирање на Универзитетот во Сиднеј за да биде со нејзината мајка, принцот Хакон, и помладиот брат принцот Свер Магнус (20).







