Германски рецепт за чизкејк стар 150 години: Најсочниот десерт којшто долго ќе ви шета по мислите

Точка

05/06/2026

15:00

390

Големина на фонт

а а а

Постојат рецепти кои се пренесуваат од генерација на генерација, а овој традиционален германски чизкејк кој постои повеќе од еден и пол век е токму таков.

Во време кога социјалните мрежи наметнуваат нови кулинарски трендови секој ден, токму старите семејни рецепти будат најмногу емоции. Ова не се совршено декориранa тортa од ТикТок, туку торти кои враќаат спомени од детството, кујната на бабата и мирисот на ванила што се шири низ куќата.

Приказната за овој старомоден германски чизкејк потекнува од страницата „GermanMomKitchen“, каде авторката споделила рецепт што нејзиното семејство го подготвувало со генерации.

Сè започнало со мојата прабаба, а подоцна рецептот продолжила да го прави мојата баба, која го печела речиси секоја недела за целото семејство.

Состојки

За кората:

200 г брашно;
1 лажичка прашок за пециво;
75 г шеќер;
1 жолчка од јајце;
80 г путер.


За филот:

1 кг цедено свежо сирење или грчки јогурт;
4 жолчки од јајце;
500 мл млеко;
1 кесичка пудинг од ванила;
250 г шеќер;
¾ чаша путер;
ванилин шеќер;
сок од лимон;
4 белки изматени во цврст снег.

Подготовка

Прво, подгответе ја кората со мешање брашно, прашок за печиво, шеќер, жолчки и путер додека не добиете меко тесто.

Преместете го тестото во калап со дно што може да се отстрани.

За филот, измешајте свежо сирење, млеко, жолчка, пудинг од ванила, шеќер, путер и сок од лимон.

На самиот крај, внимателно додадете ги изматените белки, бидејќи тие му даваат на чизкејкот лесна и воздушеста текстура.

Печете го колачот околу 70 минути на 170 степени или приближно 80 минути на 180 степени.

По печењето, оставете го чизкејкот постепено да се олади во рерна.

Ако забележите дека горниот дел премногу брзо потемнува, покријте го со алуминиумска фолија.

Тајната на популарноста на овој чизкејк не е само во вкусот. Луѓето се презаситени од „совршени“ колачи од социјалните мрежи и сè повеќе бараат рецепти кои имаат приказна и традиција. Можеби затоа овој стар германски десерт е денес попопуларен од кога било.