Протеините во кесичка е тешко да се замаскираат, а вкусот по некое време може да ви здодее и не дава исто задоволство како вистински десерт.
Овој рецепт одлично го прикрива добро познатиот вкус и не е уште еден протеински десерт што лесно ќе ви здодее. Брзо се подготвува и ја „гаси“ желбата за благо.
„Фит“ ледените коцки се особено практични и се вклопуваат во различни режими на исхрана, бидејќи спаѓаат во колачи без шеќер, а бананата им дава природна сладост и сочност. Уште подобро е што се подготвува лесно, без многу работа и без долго печење што одзема време, па се идеални и за денови кога сакате нешто благо „набрзина“, но да изгледа и да има вкус како сериозен десерт.

Рецепт за ледени коцки со три добро познати слоеви
Кора:
2 јајца
60 г овесни снегулки
1 лажица какао во прав
60 мл бадемово млеко
1 лажичка прашок за печиво
20 г чоколаден протеин во прав
дополнително млеко за кората
Фил:
1 протеински пудинг од ванила
3 лажици грчки јогурт
1 зрела банана (за да не ставате шеќер во кората)
Прелив:
100 г темно чоколадо
100 мл бадемово млеко
Подготовката на фит десертот бара печење
Состојките за кората измешајте ги во блендер и печете 15 минути на 200 степени. Кората избодете ја со виљушка и прелијте ја со малку млеко.
Исечете ја бананата на кругови и наредете ја врз изладената кора. Измешајте ги грчкиот јогурт и пудингот и премачкајте преку бананите. Оставете во замрзнувач од половина час до еден час, па прелијте со чоколадниот ганаш. Оставете да се излади и уживајте во десертот.











