Еве која храна смеете да ја внесете во Грција: Внимавајте, некои намирници ќе ви ги одземат на граница

Точка

04/06/2026

20:29

799

Големина на фонт

а а а

Бројни туристи од земјава и регионот кои ќе летуваат во Грција планираат дел од храната да ја понесат од дома за да заштедат пари за време на одморот.

Сепак, пред тргнување важно е да се провери кои правила важат на границата, бидејќи одредени намирници повеќе не е дозволено да се внесуваат во земјата.

Особено строги правила важат за производите од животинско потекло. Тоа значи дека патниците не би требало да пакуваат месо и месни преработки како колбаси, виршли, шунка, салама, паштети или шницли. Забранети се и млеко, сирење, јогурт, павлака, како и готови варени или пржени јадења што содржат состојки од животинско потекло.


Доколку такви производи бидат пронајдени при контрола, граничните служби имаат право веднаш да ги одземат и уништат, без можност да му бидат вратени на патникот.

Што е дозволено да се внесе?

Сепак, патниците не се целосно ограничени кога станува збор за храната. Дозволено е да се внесе до пет килограми свежо овошје и зеленчук, со тоа што компирот е исклучок и не може да се внесува.

Родителите со мали деца можат да понесат до два килограми млеко во прав за бебиња, како и до два килограми готова храна за бебиња или производи наменети за лица со посебни медицински потреби.


Дозволен е и внес до два килограми храна за домашни миленици.

Намирници што без проблем ја минуваат границата

Туристите можат да понесат и бројни производи што не бараат посебни услови за чување. Меѓу нив се ориз, тестенини, бисквити, чоколади, конзерви, кечап, различни сосови, фабрички пакувани сокови и флаширана вода.

Овие намирници често се практично решение за патниците кои сакаат да ги намалат трошоците за време на летувањето, а истовремено да избегнат проблеми на граничниот премин.


Обрнете внимание на вредноста на стоката

Покрај ограничувањата што се однесуваат на видот на храната, важно е да се внимава и на вкупната вредност на производите што ги носите со себе. За стока што се пренесува за лични потреби постојат пропишани лимити, па вкупната вредност не би требало да надминува 300 евра по патник, односно 150 евра во одредени случаи.

Затоа на патниците им се советува пред тргнување внимателно да ја проверат содржината на своите торби и куфери. Неколку минути проверка може да спречат непријатности на граница и да овозможат безгрижен почеток на одморот на грчкото приморје.