Утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд, најавува УХМР

Макфакс

03/06/2026

18:20

126

Големина на фонт

а а а

Времето за утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и можни невремиња со силен ветер и град, додека во следните денови ќе има сончеви периоди со повремени врнежи.

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m²), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во сабота (06.06) и во понеделник (08.06) повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме.