Најбогатата земја на светот ги зголемува платите и пензиите: Минималецот за работници без диплома се зголемува на околу 2.800 евра

Точка

02/06/2026

20:52

715

Големина на фонт

а а а

Луксембург одлучи да ги зголеми платите на своите граѓани. Од 1 јуни 2026 година, платите и пензиите ќе бидат зголемени за 2,5 проценти, како одговор на зголемувањето на инфлацијата и ненадејниот скок на цените на енергијата.

Ваквата одлука се очекуваше неколку недели поради обновеното зајакнување на инфлациските притисоци во таа земја. Зголемувањето од 2,5 проценти автоматски ќе се примени на платите на вработените во приватниот сектор, платите на државните службеници и пензиите. Минималната бруто плата за неквалификувани работници ќе биде 2.771 евра месечно, додека квалификуваните работници ќе добиваат најмалку 3.325 евра бруто.


Механизмот за автоматско прилагодување на приходот кон инфлацијата е специфичен за Луксембург и го пресметува Националниот институт за статистика и економски студии (Statec). Неговата цел е да се зачува куповната моќ на населението за време на периоди на инфлација и економски кризи, а се однесува на сите вработени без исклучок.

Во соопштение објавено на 29 мај 2026 година, Статек наведува дека годишната стапка на инфлација, мерена според националниот индекс на потрошувачки цени, достигнала 2,3 проценти во мај. Со тоа, шестмесечниот просек на индексот го надминал предвидениот праг за активирање на новото прилагодување на платите и пензиите кон зголемувањето на трошоците за живот.


Според податоците за последниот квартал од 2023 година, во Луксембург биле вработени околу 485.000 луѓе, од кои 228.000 биле прекугранични работници. Повеќе од половина од нив доаѓаат од Франција или околу 123.000 вработени.