Попладнево љубителите на кафе во скопското кафуле Концепт 37 беа изненадени со слатки мали подароци.
На секоја од масите во кафулето беа оставени здрави закуски, заедно со порака за убав и успешен ден, со посвета од Виталиа.

На некого му се падна вкусен и здрав протеински бар, на некого солени крекери со супер-семиња, протеинско топче или пак некој од новите чипсови со различни вкусови. Но сите добија мал и грижлив подарок за поубав почеток на денот.

Дури и мал знак на внимание може некого да израдува, да го орасположи и да го направи посреќен. Токму тоа е пораката која суптилно ја испраќа Виталиа – дека грижата, поддршката и споделувањето го прават светот поубаво место за живеење. Затоа и денеска, не заборавајте да им покажете на другите луѓе дека ви значат, со тоа што ќе направите мал но специјален гест само за нив.

Навистина е добро кога во денот ќе додадеме малку добра енергија и здрава храна.
Имајте убав ден!










