Хедер Флода, 28-годишна онлајн фитнес тренерка, изгубила дури 82 килограми откако мажите ја одбивале затоа што била „премногу крупна“. Денес, како што вели, ситуацијата е сосема поинаква. Таа е таа што одбива, а својата приказна ја сподели со јавноста, пренесува „NeedToKnow“.
Поттикот за промена
Хедер го започнала своето патување кон слабеењето откако била одбиена од маж кој го запознала преку апликација за запознавање. Во тоа време тежела 161 килограм, а признава дека постојаните одбивања длабоко ја повредувале.
„Ме болеше затоа што знам што имам да понудам“, изјавила таа.
„Се сеќавам дека речиси на секој состанок ми велеа: ’Убава си, но едноставно не излегувам со покрупни жени‘.“

Со одбивањата се справувала преку прејадување.
„После тоа одев во ’драјв-ин‘ и се прејадував. Тоа беше мојот издувен вентил“, објаснила таа.
Пресвртниот момент за неа била една важна мисла:
„Но, како можам да очекувам некој да ме сака ако прво јас самата не се сакам?“

Тежок почеток и нови навики
Почетокот не бил лесен. Покрај студиите и работата со полно работно време, Хедер тешко наоѓала време и мотивација.
„На почетокот на процесот на слабеење се чувствував како да немам избор“, рекла таа.
„Морав да научам како да најдам време за готвење и секојдневно пешачење. Секогаш барав изговори за да не готвам дома.“
И вежбањето на почетокот претставувало предизвик.

„Вежбањето ми беше многу тешко на почетокот. Се сеќавам кога првпат влегов во теретана – не знаев што правам, а луѓето ме гледаа“, се присетува таа.
Одлучила целосно да ја исфрли брзата храна и да се фокусира на интегрални и нутритивно вредни намирници, да пие повеќе вода и однапред да подготвува здрави ужинки како јаткасти плодови и пуканки.
„На почетокот адаптацијата беше тешка, но со текот на времето стана многу полесно“, додала таа.

Целосно природна трансформација
Хедер нагласува дека целиот процес го поминала природно, без операции и хируршки интервенции.
„Сè постигнав целосно природно, само со промена на исхраната и фокус на 10.000 чекори дневно“, вели таа.
„Во теретана се зачленив дури откако ги изгубив првите 36 килограми.“
По три и пол години посветеност и труд, Хедер е полесна за 82 килограми и се чувствува подобро од кога било.
„Откако ослабев, стекнав огромна самодоверба“, заклучила таа.











