Актерката и танчарка Касандра Науд е родена со голем белег под десното око и токму тоа е она што ја издвојува нејзината убавина од сите други. Таа никогаш не планирала да се ослободи од својот заштитен знак.
„Чувствувам дека тоа беше многу позитивна работа во мојот живот. Ми помага да бидам попрепознатлива, што е исклучително важно во оваа индустрија како изведувачка“, изјавила таа за него уште во 2015 година за „Пипл“.
Родената Канаѓанка се појавила на доделувањето на наградите „Gotham TV Awards“ во Њујорк и веднаш го привлекла вниманието на сите фотографи во салата „Cipriani Wall Street“.

За гала-вечерта таа избрала асиметричен светложолт фустан на едно рамо, со висок шлиц и софистициран крој во пределот на половината. Целиот изглед го надополнила со црни потпетици со ремчиња.

Денес оваа успешна продуцентка и претприемачка целосно ја прифаќа својата уникатност и претставува инспиративен симбол на природната убавина и индивидуалноста за луѓето ширум светот. На пошироката јавност ѝ е позната и по улогата во хорор-филмот „Influencer“ и неговото продолжение „Influencers“.

Кога била бебе, нејзините родители одлучиле да не ѝ го отстранат белегот, откако лекарите им кажале дека таа постапка би била премногу ризична. Но, иако таа ја поддржува нивната одлука, токму поради тоа доживеала малтретирање на училиште.

„Ме задеваа во основно училиште. Луѓето секогаш имаа прашања, но јас бев прилично самоуверена во својот изглед“, изјавила таа. Како уметница, актерка и професионална танчарка, нејзиниот заштитен знак всушност бил предност кога одела на аудиции.

„Секогаш имаше позитивни реакции. Некои луѓе едноставно многу се возбудуваат, во стилот: ’О, Боже, на режисерот ова ќе му се допадне!‘ Никој никогаш не беше критичен“, раскажала таа за магазинот.

И не само луѓето од индустријата ја забележале нејзината уникатна убавина, бидејќи Науд има огромна голем број следбеници на социјалните мрежи, со повеќе од 52 илјади следбеници на Инстаграм.