Кога се појави во серијата од средината на 1990-тите „Зина: Принцезата-воин“, таа ја освои публиката низ целиот свет и стана симбол на храброст, сила и независност. Зад овој иконски лик стоеше актерката Луси Лолес, која стана една од најголемите телевизиски ѕвезди на своето време благодарение на оваа улога.
Денес, 25 години подоцна, нејзиниот живот изгледа сосема поинаку.
Луси Лолес е родена во Окленд, Нов Зеланд, петто од шест деца. Својата љубов кон глумата ја открила како мало девојче, а првпат се појавила на сцената на десетгодишна возраст во мјузикл.
Се омажила многу млада, на само 20 години, за Гарт Лолас, а една година подоцна ја добила титулата госпоѓа Нов Зеланд. Првите телевизиски чекори ги направила во комичната серија „Смешно дело“, по што се преселила во Ванкувер за да ги усоврши своите актерски вештини.

Интересно е што Луси воопшто не била првиот избор за улогата на Зина. Продуцентите првично ја сакале актерката Ванеса Ангел, но таа морала да се откаже од снимањето поради болест.
Така ѝ се укажала можноста на Луси, која првпат се појави како Зина во 1995 година во серијата „Херкул: Легендарните патувања“. Публиката веднаш ја засака, па наскоро доби своја серија.
„Зина: Принцезата-воин“ премиерно се прикажа истата година и стана глобален феномен речиси преку ноќ. Веќе по втората сезона, беше повеќе гледана од „Херкул“, а во текот на шест сезони беа емитувани вкупно 134 епизоди.

Со својот прв сопруг, Гарт, таа поминала години патувајќи низ Европа и Австралија, но нивниот брак не траеше. Подоцна, таа отворено кажала дека се омажила прерано и дека тоа не бил среќен период од нејзиниот живот.
Таа повторно ја пронашла љубовта на снимањето на филмот, каде што го запознала продуцентот Роберт Таперт. Тие се венчале во 1998 година во Санта Моника и останале заедно до ден-денес.
Двојката има три деца, ќерката Дејзи и синовите Џулиус и Џуд. За разлика од многу познати родители, Луси речиси никогаш не го изложува своето семејство во јавноста, а не објавува фотографии од своите деца на социјалните мрежи.

Како што кажала, животот во Нов Зеланд му нуди на нејзиното семејство многу повеќе слобода отколку животот во Лос Анџелес.
Во последните години, таа главно се посветила на новозеландската продукција.
Иако поминало четврт век од времето кога мавташе со меч како Зина, Луси Лолес сè уште останува една од најпрепознатливите телевизиски хероини на сите времиња.