Елмас: Турција ќе стигне најмалку до четвртфинале на СП 2026

Дерби

02/06/2026

12:45

174

Големина на фонт

а а а

Македонија вчера загуби на пријателскиот натпревар со Турција, а учесникот на СП 2026 уште еднаш потврди дека располага со квалитетен ростер со кој може да се надева на солидни резултати на мундијалот.

Нашиот репрезентативец Елиф Елмас во изјава по поразот во Истанбул истакнал дека Винченцо Монтела има зрела и талентирана екипа и очекува Турците да направат добар резултат на турнирот во САД, Канада и Мексико.

– Поминаа седум години откако последен пат бев на овој стадион, а атмосферата повторно беше одлична.

– Сите турски репрезентативци играа на високо ниво, тие се еден чекор пред нас. Мислам дека Турција ќе стигне најмалку до четвртфиналето на СП, – рекол Елмас, кој бил прашан и за плановите за следната сезона.

– Во моментов не размислувам за трансфер, сакам само да одморам по напорната сезона. Ја сакам многу Турција и би сакал во иднина да живеам во Истанбул. Можеби некогаш повторно ќе играм во оваа земја, – рекол Елмас, кој во минатото настапуваше за Фенербахче.

На СП 2026, Турците се во група со САД, Австралија и Парагвај.