Слот со емотивно писмо се одјави од Ливерпул, го издвои и моментот кој посебно го трогнал на „Енфилд“

Дерби

01/06/2026

15:33

257

Големина на фонт

а а а

Арне Слот во саботата беше известен дека повеќе нема да биде дел од проектот на Ливерпул, а врачениот отказ дефинитивно изненади и голем дел од англиската јавност.

Самиот Слот на крајот на сезоната порачувше дека напорно работи со водечките луѓе на клубот за проектот кој го имаат замислено за следната сезона, но изминатиов викенд стана јасно дека тимот ќе го води друг менаџер.

После две години на „Енфилд Роуд“, Слот ја завршува својата етапа во Ливерпул, па иако многумина ќе го паметат по анти-рекордот кој го постави по бројот на претрпени порази во една сезона, ќе има и такви кои ќе го паметат по титулата во Премиер лигата која ја донесе во првата сезона.

– Промената е дел од фудбалот, а јас знам дека овој клуб и во иднина ќе ги прави горди луѓето кои работат во него, но и фановите. Кога првпат застанав под култниот знак под тунелот на „Енфилд Роуд“, знаев какви големи барања има овој клуб. Си заминувам знаејќи дека никогаш не престанавме да се трудиме и да даваме се од себе.

– Во една од најтешките ери во историјата на клубот, љубовта, сочувството и поддршка преовладаа. Семејството на Ливерпул покажа дека е извонредно. Додека го напуштам клубот, не можам да не се потсетам како му дадовте чест на Диого Жота, единството кое се покажа после неговата смрт е нешто што ќе остане вечно во мене, – вели Слот во свое писмо до фановите, апострофирајќи дека тоа е моментот кој најмногу го трогнал.

– За крај, посебна благодарност до навивачите. Направивте да се чувствувам добредојдено од првиот ден и бевте дел од мојот пат. Тоа е нешто што навистина го почитувам, важно е да се каже:Ви благодарам, – порачува Слот.