Епидемија на криминал завладеала во Лондон, а многумина велат дека се потребни посилни закони, бидејќи граѓаните на главниот британски град се шетаат стравувајќи дека некој ќе им ги украде работите.
Побогатите исто така почнале да се бунат, а една од нив е 37-годишната ѕвезда од шоуто „The Saturdays“, Рошел Хјумс, која јавно проговорила за „беззаконието“ и криминалот, пренесе Дејли мејл.

„Веќе не можете да носите Ролекс во Лондон“, рекла, додавајќи: „Премногу е страшно да имате нешто убаво овие денови“. Рошел ги открила своите стравови за стапката на криминал во Лондон во нејзиниот хит поткаст „Ladies Who Launch“. Нејзините изјави доаѓаат откако била видена со прекрасен накит вреден повеќе од 400 илјади фунти на рацете.

Инаку таа обожава да ја споделува својата прекрасна колекција луксузен накит, па споделила фотографии од неодамнешното патување во Мајами, каде се собрале мноштво инфлуенсери, а на Рошел ѝ се придружиле нејзината сестра Софи Пајпер и сопругот Марвин Хјумс. Таа ги покажала скапите нараквици од Картие, часовникот „Булгари Серпенти Тубогас“ и нејзиниот свршенички прстен вреден 300.000 фунти (347.000 евра).

Честопати носи и дизајнерска облека, вклучувајќи Шанел чанти и раскошни модни комбинации, па не е тајна дека сака луксузен живот. Криминалот навистина продолжува да расте во Лондон, а кражбите на телефони станале сè почести. Според бројките објавени од британскиот медиум, десетици илјади мобилни телефони биле украдени во главниот град само во 2025 година, што е еквивалентно на еден украден телефон на секои девет минути. Повеќе од 224.000 телефони биле пријавени како украдени во Лондон во последните четири години.

Освен кражбите на телефони, Лондон во последните месеци е погоден и од банди кои извршија серија грабежи во луксузни продавници, вклучувајќи ги „Ролекс“, „Ив Сен Лоран“ и неколку продавници за накит. Бандите користат чекани, украдени возила и мотоцикли за да провалат пред да избегаат со луксузна стока.







