„Дебела си и грда, но важно го имаш татко ти“: Ќерката на славниот режисер стана мета на критики поради улогата во хит-серијата – решила сè јавно да објави

Точка

26/05/2026

19:34

1.037

Големина на фонт

а а а

Франческа Скорсезе, најмладата ќерка на прославениот режисер Мартин Скорсезе, стана миленичка на јавноста кога на социјалните мрежи почна да објавува смешни видеа со својот татко.

Јавноста беше воодушевена што може да ја види другата страна на режисерот кој остварил бројни соработки со Леонардо Дикаприо, но сега, откако Франческа добила улога во серија – настанал хаос.

Таа им возвратила на интернет-троловите кои пишувале навредливи коментари за нејзиниот изглед.


Франческа (26) во видео објавено на ТикТок открила дека добила улога во втората сезона на серијата „Mr. & Mrs. Smith“, но и дека била преплавена со бран омраза и навреди.

„Ова се некои од најлошите коментари што некогаш сум ги видела за себе“, рекла таа, објаснувајќи дека е навикната на критики поради тоа што е „непо-бебе“ (nepo baby), но дека количината на омраза сега достигнала ниво какво што претходно не доживеала.

Погледнете:


„Разбирам, знам дека некои врати ми се отворени“, рекла таа, зборувајќи за тоа што Скорсезе ѝ е татко. „И понатаму се обидувам да работам, да се трудам, да бидам страсна и да создавам. Но мислам дека сте многу, многу тажна личност ако одите по туѓи профили и барате негативност“, додала таа.


Франческа потоа ги повторила дел од бруталните коментари што ги добивала — луѓето ја нарекувале дебела и грда, а некои дури ја споредувале со фрижидер и со Мис Пиги.

„Сфаќам — не сум најубавата девојка на светот. Не сум ни најслаба. Буцмаста сум, го знам тоа. Но каква врска има тоа?“, прашала таа.


Открила и дека веќе го избришала својот профил на Икс, поради негативноста и лошите коментари што ги добивала таму, но и дека сега чувствува како ТикТок да станува исто такво место.


„Има толку многу тролови и ботови и луѓе кои само сакаат некому да му го уништат денот или да направат да се чувствува како го*но“, рекла таа и додала дека со години се соочува со омраза поради тоа што има толку славен татко.