Монтецемоло, кој го водеше „Ferrari“ од 1991 до 2014 година, изјави дека компанијата ризикува да „уништи легенда“ со влегувањето во светот на електричните автомобили.
Првиот електричен „Ferrari“ предизвика бројни реакции во јавноста, а меѓу најгласните критичари се најде и поранешниот претседател на компанијата Лука ди Монтецемоло.
Долгогодишниот прв човек на „Ferrari“ не го криеше разочарувањето од новиот модел „Luce“.

Монтецемоло, кој го водеше „Ferrari“ од 1991 до 2014 година, изјави дека компанијата ризикува да „уништи легенда“ со влегувањето во светот на електричните автомобили.
„Ако кажам сè што навистина мислам, би му направил мечкина услуга на ’Ferrari‘. Ризикуваме да уништиме легенда и навистина ми е жал поради тоа.“

„Се надевам барем дека ќе го тргнат коњот од тој автомобил“, изјави тој за италијанските медиуми.
Покрај критиката на самата идеја за електричен „Ferrari“, Монтецемоло индиректно го прокоментира и дизајнот на моделот „Luce“, наведувајќи дека тоа е „автомобил што Кинезите сигурно нема да го копираат“.

„Ferrari“ официјално го претстави моделот „Luce“ како свој прв сериски електричен автомобил, а компанијата очигледно сака јасно да ја нагласи припадноста кон брендот, бидејќи купувачите можат да нарачаат дополнителни ознаки со прочуениот пропнат коњ на каросеријата.
Иако „Ferrari“ верува дека електричните модели ја претставуваат иднината на луксузните спортски автомобили, реакциите на традиционалните љубители на брендот засега се многу поделени.












