Невил: Алонсо ги доби клучевите од Челси, го очекува…

Дерби

26/05/2026

11:41

259

Големина на фонт

а а а

Чаби Алонсо се враќа на островот, но овојпат со ангажман како тренер и тоа во Челси.

Многумина го очекуваа Шпанецот во Ливерпул и тоа како директна замена за Арне Слот, но управата на „црвените“ и понатаму му верува на Холанѓанецот, па Челси се вклучи во целата приказна и успеа да го добие потписот на човекот кој имаше одлични резултати во Баер Леверкузен, ама и кратка епизода во Реал Мадрид.

„Сините“ имаа многу лоша сезона, останаа без ниту еден освоен трофеј, но што е уште полошо и без место во Европа, па според Гери Невил пред него е навистина пеколна задача и работа.

- Да, го очекува пеколна задача. Зборувавме за тоа колку голема работа го очекува Роберто Де Ѕерби во Спарс, Чаби Алонсо мора да го прави истото во Челси. Тој е назначен за менаџер, но можеби би го нарекле менаџер, спортски директор, сопственик, сетоа тоа.

- Се чини дека му ги дадоа клучевите од клубот и го замолиле да го среди тоа, бидејќи Челси се мачи, каква катастрофална сезона беше ова за нив, - вели Невил.