Раја за значeњето на титулата во ПЛ: Ова ќе ни даде…

Дерби

26/05/2026

12:19

192

Големина на фонт

а а а

Арсенал по точно 22 години е англиски шампион, првак за натпреварувачката 2025/2026 во која лондонскиот клуб конечно направи исчекор и успеа да ја добие трката со Манчестер Сити.

Ова е огромен резултат за „топчиите“, но сезонава не е завршена за нив, ги очекува финале на Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен во кое ќе влезат со огромна самодоверба.

- Беше од суштинско значење, ова беше целта уште кога пристигнав тука, па дури и пред тоа. Овој клуб постои за да се натпреварува и да се бори за најважните титули, а Премиер лигата беше една од нив. Го постигнавме тоа, а сега тоа ќе ни даде огромен поттик додека се приближуваме кон финалето на Лигата на шампионите, - вели голманот Давид Раја кој го пофали тренерот Микел Артета.

- Мислам дека заврши неверојатна работа. Начинот на кој го презеде клубот кога не беше во најдобра форма и како го врати во живот и на врвот – особено со освојувањето на Премиер лигата, што сите толку многу го посакуваме, и ние играчите и навивачите – само го покажува квалитетот што го поседува и каква личност е. Тој никогаш не се откажува и тоа е порака што отсекогаш ни ја всадувал, - порача Раја кој беше најдобар голман во ПЛ за изминавата сезона.