Попречен сигналот на авионот со кој романскиот министер летал кон Литванија

Макфакс

26/05/2026

10:30

209

Големина на фонт

а а а

Романскиот министер за одбрана, Раду Мируца, откри дека GPS сигналот на авионот со кој летал кон Литванија бил блокиран, што претставува предизвик за навигацијата на воените летала во таа област.

Вршителот на должноста романски министер за одбрана Раду Мируца изјави дека GPS сигналот на авионот со кој неодамна патувал во Литванија бил попречен.

„Да, очигледно. Сигналот бил блокиран, но не мора за нашиот авион, туку за таа област. Авионот е воен, има воени уреди против блокирање, но, да, проверивме и имаше многу силно блокирање“, рече Мируца.

Тој рече дека пилотите го активирале воениот навигациски систем и дека презеле заштитни мерки.

„Разгледавме каде може да се позиционира авионот, врз основа на GPS информации. Имаше цела дискусија со пилотите таму во авионот, додека се приближувавме кон Литванија“, рече Раду Мируца.

Министерот додаде дека, веројатно, повеќето авиони што минуваат низ таа област се соочуваат со истиот проблем.

На авион на британските кралски воздухопловни сили во кој патувал британскиот министер за одбрана Џон Хили, исто така му бил блокиран GPS сигналот за време на летот во близина на руската граница оваа недела.