Трагедија во Чешка: Му се слошило пред полагање на матура, паднал и починал

Макфакс

26/05/2026

11:40

329

Големина на фонт

а а а

Во чешкиот град Табор, ученик во последната година од средното трговско училиште ненадејно почина кратко пред полагањето на матура. И покрај интервенцијата на лекарите, трагедијата се случи пред училишната зграда, а истрагата за причините е во тек.

Ученик во последната година од средното трговско училиште, се сруши и почина кратко пред полагањето на завршниот испит во чешкиот град Табор.

И покрај брзата реакција и напорите на лекарите кои беа повикани на местото на настанот, тие не успеаја да го спасат матурантот.

Трагичниот инцидент се случи пред училишната зграда, каде што учениците се собраа и чекаа да влезат и да полагаат матура.

Тажната вест ја потврди директорот на училиштето, Радек Циха, а околностите на трагедијата се уште се нејасни бидејќи истрагата е сè уште во тек.

По смртта на ученикот, почнаа да кружат гласини дека користел наркотици или други стимуланси, но директорот одби да коментира за овие наводи.

„Секако ќе биде предмет на истрага, сè ќе се знае кога ќе заврши обдукцијата“, изјави директорот за медиумите.

Телото на матурантот е испратено во Институтот за судска медицина на обдукција.

Училиштето ги откажа сите планирани матурски испити и тие се одложени за утре.