Тешко повредена жена при експлозија на електричен бојлер

Макфакс

25/05/2026

14:50

571

Големина на фонт

а а а

Жена од Штип е тешко повредена при експлозија на електричен бојлер во викендица во Пехчевско. Повредената е хоспитализирана во Клиничка болница Штип, а случајот е пријавен кај јавен обвинител.

Жена од Штип настрадала од експлозија на бојлер во викендица во Пехчевско. Тешко е повредена.

Имено, вчера во 18:35 часот во ОВР Берово од Итната медицинска помош Пехчево било пријавено дека во викенд куќа во туристичката населба „Равна река“, атар на Пехчево, во сопственост на З.В. од Пехчево, при експлозија на електричен бојлер со тешки телесни повреди се здобила 42-годишната В.М. од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово.