Фотографија од стан во Сплит кој деновиве се појавил во огласите за изнајмување предизвика лавина реакции на Редит, откако една Хрватка сподели необична сцена од ентериерот која многумина ги остави без зборови.
„Другарка ми и јас гледаме станови за изнајмување на „Njuškalo“ и нѝ излезе овој бисер. Што е овде вишок?“, напишала таа покрај фотографијата која прикажува простор налик на дневна соба, но веднаш покрај двоседот се наоѓа – туш кабина. Токму тој детаљ стана главна тема на расправата и поттикна стотици коментари од корисници кои не го криеја изненадувањето.
Многумина во коментарите се пошегуваа дека станува збор за „најмодерниот open space концепт“, додека други забележаа дека „недостига само уште кујна од другата страна на каучот“. На некои, пак, особено им паднало в очи тоа што дел од прозорецот е затворен поради поставувањето на тушот, како и големиот број штекери над каучот.
„Привилегијата да си ги миеш нозете додека лежиш на кауч ја сметам за голема предност на овој стан“, се пошегувал еден корисник, додека друг додал: „Па сосема добро, ќе ти дојдат гости и веднаш ќе фрлат едно лесно туширање“.

Некои корисници ја проблематизираа и цената на киријата, како и состојбата на пазарот на недвижности: „Ваквите огласи ги тераат другите сопственици на станови да ги покачуваат цените бидејќи мислат дека никој нема да ги прави будали“.
Други ја споредувале понудата со други градови, па истакнале дека за слична сума во Загреб може да се најде новоградба со паркинг место.
Поединечни корисници претпоставуваат и дека просторот можеби некогаш бил деловен објект или амбуланта пренаменета во стан, а имало и такви кои кратко заклучиле: „Ова го нема ни во ‘Симс’“.







