Поранешниот заменик-командант на американската Централна команда („CENTCOM“) и пензиониран припадник на морнаричките „SEAL“ единици, Роберт Харвард, преку ноќ стана вирален хит на социјалните мрежи — но не поради своите воени анализи, туку поради неверојатно необичниот изглед пред камерите на „Fox News“!
Харвард гостувал во студиото на познатата американска телевизија за да понуди стручна анализа за американско-иранските односи, кога се случило нешто сосема неочекувано, пренесува „The Times of India“.
За време на интервјуто тој сериозно ја анализирал стратегијата за економска блокада, санкциите и иранската нуклеарна програма, нагласувајќи дека официјален Вашингтон во свои раце ги држи и времето и политичките карти, а целта е Техеран да биде принуден на целосна капитулација.
Меѓутоа, сериозната геополитичка тема целосно паднала во втор план во моментот кога гледачите забележале бизарен детаљ на вратот на адмиралот.
Хиперреалистична маска или само лош филтер?
Набрзо по емитувањето, интернетот бил преплавен со снимки и „screenshot“ фотографии на кои јасно се гледа задебелување и необична линија на вратот на Харвард, која визуелно неодоливо потсетува на крај од силиконска маска.
Корисниците на социјалните мрежи веднаш развиле бројни теории на заговор, а многумина се убедени дека во студиото воопшто не седел вистинскиот Харвард, туку актер со хиперреалистична силиконска маска преку лицето и вратот.
WTF pic.twitter.com/LUjli4de6U
— Mr. Sausage (@MrSausageGet) May 21, 2026
„Изгледа идентично како онаа вирална снимка од Џим Кери за која сите тврдеа дека носи маска. Што се случува со неговото лице и врат?“, напишал еден корисник на мрежата „X“, додека други споделувале фотографии од адмиралот снимени во период од само еден месец, укажувајќи на наводни разлики во обликот на ушите.
Додека теоретичарите на заговор тврдат дека „светските моќници тестираат технологија за маскирање“, порационалните понудиле значително поприземни објаснувања.
Според нив, станува збор за комбинација од тешка студиска шминка што лошо се стопила со кожата, агресивно телевизиско осветлување или, што денес е најчест случај, дигитален AI филтер за подмладување на лицето кој во програма во живо едноставно „паднал“ во пределот на вратот.
Инаку, Роберт Харвард Јуниор важи за еден од најодликуваните „SEAL“ офицери во историјата на американската војска.
Тој водел специјални операции во Авганистан и Ирак по 11 септември, па целиот овој визуелен инцидент во американската јавност предизвика уште поголем шок и неверување.









