[ВИДЕО] Од шок паднала на земја, не можела да ги задржи солзите: Матуранти од Задар ѝ купиле неочекуван подарок на својата класна - „Мора да е жена со големо срце“

Точка

22/05/2026

19:25

508

Големина на фонт

а а а

Матуранти од Задар ја изненадиле својата класна со несекојдневен подарок. Тие за збогување ѝ купиле ни помалку ни повеќе туку – автомобил, а таа не можела да ги задржи солзите.

Учениците на класната Нина за последниот училиштен ден ѝ приредиле големо изненадување, а нејзината емотивна реакција брзо се прошири на социјалните мрежи.

Како што се гледа на снимката, некој од учениците довозел син автомобил украсен со бела панделка, а девојчињата ѝ подариле и цвеќе. Класната од шок најпрво се фатила за глава, а потоа почнала да ги прегрнува своите ученици.


Не можела да ги задржи солзите, па во еден момент паднала на земја. Учениците ѝ приоѓале и ја прегрнувале.

„Замисли каков професор, ментор, личност, психолог, поддршка и пријател мораш да бидеш кога децата вака те сакаат, почитуваат и ти се заблагодаруваат на овој начин! Секоја чест за класната и за овие прекрасни деца“, гласи еден од коментарите.

„Секоја чест, верувам дека го заслужила тоа“, „Браво драги деца! Тоа мора да е жена со големо срце“, „Драго ми е што сè уште постојат луѓе. Тоа ниеден систем не може да го одземе, деца, секоја чест! Поради таквите сè има смисла“, гласат дел од останатите коментари.