Бернардо Силва во недела ќе го одигра последниот натпревар како играч на Манчестер Сити, а во ситуација кога веќе некое време е познато дека става крај на 9-годишната етапа во клубот, јасно е дека искусниот Португалец веќе води преговори со други клубови.
Во раната фаза од месец април, сериозно се шпекулираше дека негова следна дестинација ќе биде италијанската Серија А и Јувентус, но после падот кој го имаше тимот во клучниот дел од сезоната, Португалецот решил да не прифаќа проект кој не е најамбициозен во овој момент.
Се поизгледните шанси да остане без настап во Лигата на шампиони, го натерале Бернардо да не ја прифати понудата од Јувентус која ја имал на маса, а угледната „Газета“ информира дека офанзивниот фудбалер сега е многу блиску до трансфер во Шпанија.
Познатиот италијански медиум известува дека Силва одработил сериозни разговори со челниците на Атлетико Мадрид и во овој момент проектот на „душекџиите“ е најинтересен за него, па нема да чуди ако брзо ги комплетира сите детали уште пред почетокот на Светското првенство.
Според информациите, Атлетико е подготвен да му понуди стабилен проект и неколкугодишен договор, но и блискоста на Шпанија до Португалија прави овој трансфер да изгледа се поверојатен за реализација.







