Како човек кој повеќе од една деценија работи во шпанската Федерација, Луис Де ла Фуенте дочека период да ја има и најодговорната функција, односно да го води најсилниот национален тим.
Откако ги мина речиси сите младински категории, Де ла Фуенте доби шанса да го води и најсилниот тим, и тоа брзо по заминувањето на Луис Енрике во 2022-ра година.
Набрзо откако беше назначен за селектор, од Де ла Фуенте се очекуваше да носи тешки одлуки и да се поздрави со неколку искусни фудбалери, но тој сега самиот открива дека најтешко му било да го изостави Серхио Рамос.
– Една од најнепопуларните одлуки кои морав да ги донесам е онаа за Серхиo Рамос. Тоа ми беше најтешко, а воедно беше и една од првите одлуки кои ги донесов.
– Знаев дека станува збор за играч кој има историско значење за шпанскиот фудбал, но тоа беше одлука за која размислував. Исто така, го познавав неговото семејство, а тоа ја правеше работата уште посложена за мене. И покрај сè, не жалам за ништо, не се каам за ништо во животот. Знам дека никој не е совршен и дека се носат погрешни одлуки во животот, но некогаш мора да го направите тоа за доброто на групата, – изјави Де ла Фуенте.







