Астон Вила го надигра Фрајбург во големото финале во Лигата на Европа и освои прв европски трофеј по пауза од 44 години, успех кој целосно му се препишува на Унаи Емери, човек кој уште во најавата за завршниот меч се најавуваше како „крал на Лигата на Европа“.
Шпанецот го потврди ваквиот статус со петта победа и петти трофеј во финалињата на второто по ранг европско натпреварување, па последниот судиски свиреж доби признание и од човекот кој воопшто и не требаше да биде дел од тимот.
Емилијано Мартинез најави заминување на крајот на минатата сезона и не ја почна премиерлигашката сезона поради очекуваниот транфсер, но откако не дојде од такво нешто, се врати во тимот и сега дочека титула како еден од клучните играчи во тимот.
Мартинез го украде шоуто по финалето и го качи Емери на раменици додека овој ги отпоздравуваше фановите, а потоа објасни и зошто го направил тоа.
– Не можам да кријам што чувствувам за него. Го сакам многу, го познавам уште од времето во Арсенал. Имам многу добар однос со него и тој е победник како мене. Тој е болен за победи и вистината е дека го сакам неизмерно, – изјави Мартинез.
Unai Emery, five times champion of the Europa League 👑
— Men in Blazers (@MenInBlazers) May 20, 2026
Emi Martinez, being Emi Martinez 😏pic.twitter.com/jDDItoDTkI







