Гави со порака до Деко и управата на Барса: Немој да носите играчи кои глумат ѕвезди!

Дерби

20/05/2026

12:15

875

Големина на фонт

а а а

Гави ја санираше тешката повреда на коленото и после втората операција се чувствува посилен од било кога, па во ексклузивното интервју за „Мундо Депортиво“ говори за одличниот кам-бек кој го имаше на теренот, но и мундијалскиот сон кој претстои.

Неуморниот играч за врска искрено се надева дека ќе биде дел од завршниот список на селекторот Луис де ла Фуенте, верува дека шпанскиот тим може да оди до самиот крај и да се бори за светската титула, но долгото интервју го искористи за да испрати порака до директорот Деко и спортскиот сектор на Барселона.

Ханси Флик како тренер на Барселона побара да се направи напор за Рашфорд и Кансело во обидот двајцата да останат дел од првиот тим, но се очекува шпанскиот првак да се засили и со нови фудбалери во текот на летниот преоден рок.

Клубот сериозно ја разгледува опција да се засили во одбраната со Бастони и да најде замена за Роберт Левандовски, но пред да дојде да се размислува за конечен избор, Гави реши да испрати јасна порака до спортскиот сектор.

– Оние што ќе дојдат, треба да дојдат за доброто на тимот и да работат за тимот. Не ни се потребни играчи кои глумат ѕвезди и кои сметаат дека се надмоќни пред другите. Мора да бидеме сплотени какошто сме во овие две години. Тој што ќе дојде, треба да дојде за да помогне, да го даде максимумот и да се жртвува за тимот. Не ни се потребни ѕвезди, – изјави Гави.