Ако барате освежителен и вкусен десерт, ледените коцки со јагоди се одличен избор. Комбинацијата од мек пандишпан, едноставен крем и сочни јагоди го прави идеален за потоплите денови, но и како лесен десерт со кафе.
Сезоната на јагоди е во полн ек, па е вистинското време да го искористите ова омилено овошје за подготовка на едноставни и вкусни десерти.
• 60 грама меко брашно
• 60 грама густин
• 750 милилитри млеко
• 150 грама шеќер
• 200 грама путер на собна температура
• 60 грама меко брашно
• половина кесичка прашок за печиво
• 75 грама шеќер
• 15 грама какао
• три јајца
• 200 милилитри вода
• 75 грама шеќер
• 500 грама јагоди
• четири лажици шеќер
• 500 милилитри вода
• двa црвени преливи за торта

Подготовката на овој колач започнува со правење на кремот, за навреме да се излади и да се забрза завршната подготовка. Во сад најпрво се ставаат брашното, густинот и шеќерот, па сè кратко се промешува. Од вкупната количина млеко се одвојуваат околу 200 милилитри, кои се додаваат во смесата и добро се мешаат за да се избегнат грутки.
Преостанатото млеко се загрева до вриење, потоа се трга од оган, се додава подготвената смеса и сè повторно се враќа на шпорет. Со постојано мешање се вари додека кремот не стане густ. Потоа се покрива со проѕирна фолија и се остава да се излади, со повремено мешање ако нема фолија.
За пандишпанот се одвојуваат белките од жолчките. Белките со миксер се матат во цврст снег, потоа се додава шеќерот и сè уште еднаш се миксира додека не се добие мазна смеса. Потоа се додаваат жолчките, една по една, со кратко мешање по секое додавање. На крај се додаваат брашното, прашокот за печиво и какаото, па смесата рачно лесно се соединува додека не стане изедначена.
Добиената смеса се истура во претходно подготвен и подмачкан плех со димензии 33×19 сантиметри, се израмнува и се пече во загреана рерна на 190 степени околу 15 минути. Испечениот пандишпан се остава да се излади.
Во меѓувреме се подготвува сирупот за прелевање. Во сад се загреваат водата и шеќерот додека шеќерот целосно не се растопи, а потоа со жешкиот сируп се прелева изладениот пандишпан.
Изладениот крем потоа се довршува така што посебно се мати путерот на собна температура, па постепено му се додава изладениот крем со постојано мешање додека не стане мазен. Така подготвениот крем рамномерно се нанесува врз пандишпанот.
Јагодите измијте ги, исушете ги и пресечете ги по должина, па редете ги врз кремот со пресечената страна надолу. На крај подгответе го преливот за торта според упатството, загрејте го додека не почне да се згуснува и потоа внимателно распоредете го врз јагодите.
Колачот потоа се става во фрижидер, најдобро преку ноќ, за добро да се стегне и излади пред сервирање. Резултатот е освежителен десерт што брзо се јаде и секогаш бара уште едно парче.