Во Скопје, татко бил нападнат со кундак од пиштол додека се обидувал да ја спаси малолетната ќерка која ја држеле за врат во конфликт со друго лице. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Утрово во 01:45 часот во СВР Скопје, Н.Ш.(41) од с.Кондово, скопско, пријавил дека на 18.05.2026 околу 21:30 часот пред неговиот дом Б.И.(18) физички го нападнал, го удрил со кундак од пиштол и му нанел повреда.
Според пријавеното, претходно во текот на денот неговата малолетна ќерка имала расправија со друга малолетничка.
Откако забележал дека во наведеното време Б.И. со уште едно лице ја држат неговата ќерка за врат, се обидел да ги спречи, по што Б.И. го нападнал со кундак од пиштол.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.







