Игор Џамбазов повторно покажа дека не бега од теми за кои многумина молчат. Во гостувањето кај Марио Арангеловски, најпознатиот македонски шоумен искрено зборуваше за приватниот живот, љубовта со Илина Арсова, но и за суровоста на коментарите на социјалните мрежи.
Џамбазов призна дека особено го погодиле навредливите реакции насочени кон неговата поранешна партнерка, најмногу оние поврзани со тоа што таа нема деца.
Toj посочи дека „понекогаш му е срам што го дели воздухот со таквите луѓе“, зборувајќи за леснотијата со која јавноста знае да суди, без да ја знае вистинската приказна зад нечии животни одлуки и борби.
Во разговорот, Игор откри и интимен детаљ од врската со планинарката Илина Арсова.
✨„Ретка жена, интелектуалка, ем уметник, ем активист, а таквите најмногу им пречат на луѓето. Баш сега пред некој ден видов на некој портал, нејзина објава за тоа како ја тролаат.
Па срам да ти е да прочиташ. Може ли да сум толку малер со вакви луѓе да дишам ист воздух?
Да навредуваш жена на 40 и кусур години што нема деца и да ја навредуваш заради тоа што нема деца. Па, идиоте еден, од каде знаеш ти каква мака има тој човек што го осудуваш?
Можеби не може да има деца, од каде знаете? Леле, колку е лошо тоа! Сега имав еден случај во Дојран во куќата... И сега, Ферхунде си е на терасата и ако поминат кучиња, си лае кучево, нели? Ама и луѓе ако поминат што не ги познава...
И нешто интензивно лае, и јас излегувам: „Што е бе злато?“ и доаѓам до неа. Еден тука постар брачен пар, од мене постар. Жената кога ме виде само ги дигна рацете, се насмевна.

Мажот ѝ: „Ееее, тоа кучето, бе. Со кучиња ли живееш, бе? Камо деца, бе, да правиш?
Каква е таа храброст бе?! Прво, од кај знаеш, може не можам да имам деца, може сум неплоден. Тоа е бедно, бе, подло.
Пријателе мој, штом има толку омраза во тебе, ти не си направен од љубов“.
Џамбазов раскажа и дека во периодот додека биле заедно со Илина решил да направи проверка на спермата. Целата ситуација, која се случила во нивната куќа во Дојран, низ смеа ја опиша како „најсмешната сцена“ во нивната врска.
Потоа Џамбазов говореше и за тоа дека има „непристојни“ понуди од жени:
✨„Јас имам и непристојни понуди од жени, познати, што сакаат да родат мое дете. Викам, „Благодарам што е така, но дете се прави од љубов, не од математика.
Денеска е барем лесно, можеш и да не се видиш со жената и да има твое дете.
Значи, одиш во банка на сперма, ја проверуваат твојата сперма, јас во време на Илина ја проверував мојата сперма.

Докторот во Струмица ми рече „Терај, ти работат тие опавчињата....
Не знам дали ова дали сум ти го кажувал, пред куќата во која привремено живеев се паркира една кола со скопска регистрација.
Излегува една докторка. „Добар ден - добар ден“.
Ја примивме на тераса, Илина ѝ свари кафе, таа извади една епрувета, ми ја даде мене, јас треба да влезам во дневна и да дадам примерок од сперма.
Насила кога е - џабе. И тоа е еден од најсмешните моменти од нашата врска.
Кога конечно успеав, ѝ ја давам епруветата. Ѝ викам „Во ред ли е?“ А она „Доообро, и малце повеќе“ (ха-ха)“, вели Игор.









