Цевчиња во носот, прима кислород, се бори за здив: Тажните фотографии од принцезата на Норвешка го обиколија светот

Точка

18/05/2026

20:22

609

Големина на фонт

а а а

Принцезата Мете-Марит од Норвешка беше во центарот на еден од најкоментираните моменти за време на прославата на Денот на државноста на 17-ти мај, настан што традиционално го собира кралското семејство прво во Скаугум, а потоа и на балконот на Кралската палата во Осло.

Според наводите на норвешките медиуми, принцезата била „видно исцрпена“, што и се забележувало, бидејќи за време на настанот носела цевчиња за кислород во носот, а во повеќе наврати морала да седне за да избегне целосен колапс. И покрај таквата здравствена состојба, принцезата не можела да го пропушти овој важен настан, а за овој нејзин потег зборува целиот свет.


Мете-Марит се појавила пред својата резиденција во Скаугум со јасно видлива назална канила и мал апарат за кислород, опрема што ја следи за време на повеќето нејзини јавни појавувања во последно време.

Само неколку дена претходно принцезата беше фотографирана со истиот уред за време на посетата на затворот во Осло, каде што го посети својот син Мариус, што уште тогаш предизвика загриженост низ целата земја.


Затоа денес вниманието не го привлече самиот кислород, туку физичкиот напор што принцезата го вложи за да присуствува на една од најважните прослави во нордиската земја. За време на традиционалното поздравување на училишните деца во Скаугум, Мете-Марит морала да користи столица дискретно поставена покрај главниот влез. Како што пренесоа медиумите, тоа било неопходно доколку принцезата почувствува потреба да седне, за да не колабира.

Додека децата за време на парадата минувале покрај семејната резиденција, сопругата на норвешкиот принц Хокон малку стоела, малку седела, „видливо борејќи се за здив“. По извесно време морала да го прекине поздравувањето. Според телевизијата „TV 2“, ваквиот развој на настаните бил однапред очекуван.


Принцот Хокон останал покрај неа цело време, внимателно следејќи го секој знак на непријатност или исцрпеност. Во неколку моменти принцезата можела да се види како ја наместува назалната канила што ѝ обезбедува дополнителен кислород, а морала и да се избори со напад на кашлица што се обидувала дискретно да го прикрие.

Таа глетка јасно ги покажала респираторните проблеми со кои се соочува принцезата и дополнително укажа на нејзината кревка здравствена состојба.


Отстапување од традицијата поради здравствени причини

Внимание привлече и тоа што Мете-Марит не носеше традиционален бунад, како што тоа обично го прави секој 17-ти мај во согласност со обичаите. За тоа постои медицинска причина. Кралскиот двор потврди дека годинава, по совет на лекарите, нема да може да носи ниту една од своите регионални носии.

Наместо тоа, принцезата се одлучи за капут, иако температурите во Осло биле идеални за традиционалната облека каква што носеле и принцот Хокон и нивниот син, принцот Свере Магнус.