[ФОТО/ВИДЕО] Синди Крафорд (60) се прошета на модната ревија на „Гучи“: 39 години по нејзиното модно деби „и нема рамна“

Точка

18/05/2026

12:35

414

Големина на фонт

а а а

Креативниот директор на модната куќа „Гучи“, Демна Гвасалија ја претстави својата прва „Круз“ колекција за италијанскиот луксузен бренд синоќа во Њујорк, претворајќи го Тајмс Сквер во писта, додека сопственикот на компанијата Керинг, која е сопственик на брендот, се обидува да го оживее култниот бренд.

Модната ревија, емитувана во живо на билборди на едно од најпосетуваните места на планетата, беше знак на почит кон врските на „Гучи“ со Менхетен, родното место на неговата меѓународна експанзија и местото каде што италијанската куќа ја отвори својата прва продавница надвор од Италија во 1953 година.


Колекцијата „GucciCore“ создава чувство „како брендот да се вратил дома“, рекол контроверзниот Гвасалија во соопштение и додал: „Сакав да го направам невозможното и да го сместам Гучи во центарот на оваа метропола“.

Синди Крафорд повторно на пистата

Синди Крофорд и НФЛ ѕвездата на НФЛ се прошетале по пистата, како и Парис Хилтон. Познатата манекенка (60) предизвика воодушевување кај јавноста, а многумина корисници на социјалните мрежи велат дека таа е сè уште неприкосновена.



Потсетуваме во 2000 година, Крафорд се збогува со пистата и се посвети на претприемништвото, па денес е сопственичка на козметичкиот бренд „Meaningful beauty“. Легендарната манекенка повремено ѝ се враќала на професијата што ја направи позната. За време на Миланската модна недела во 2017 година, на модната ревија во чест на дизајнерот Џани Версаче, таа се појавила на пистата со колешките од деведесеттите години: Наоми Кембел, Клаудија Шифер, Карла Бруни и Хелена Кристенсен.


Ја видовме на пистата и во 2022 година, на Париската модна недела, кога се врати да му оддаде почит на покојниот дизајнер Вирџил Абло.

Секој пат кога се појавува на престижни модни ревии, таа предизвикува исклучително позитивни реакции. Познатата Американка почнала да се занимава со манекенство во 1983 година, кога на 17-годишна возраст учествувала на престижниот натпревар „Изглед на годината“ (Look of the Year) на модната агенција „Елит модел менаџмент“ и стигнала до финалето. Учеството на модната ревија на „Келвин Клајн“ во 1987 година се смета за прва голема модна ревија на која учествувала и нејзино модно деби.


Додека Крафорд добива бројни комплименти, многумина ја критикуваат колекцијата на Демна и велат дека „Гучи“ заслужува уште повеќе и потсетуваат на „златната ера кога Том Форд беше на чело на брендот“.


Потсетуваме Том Форд беше креативен директор на модната куќа „Гучи“ од 1994 до 2004 година.

Асортиманот на новата колекција го одразува „множеството стилови што се пресекуваат како градски улици“, рекол Гвасалија, кој како креативен директор на „Баленсијага“ ја вознемири јавноста со скандалозни кампањи. Синоќешната модна ревија ја следеле бројни познати личности, како што се Ана Винтур, Мараја Кери и Ким Кардашијан, која предизвикала многу критики со својот стајлинг.


Демна треба да го оживее Гучи

Одлуката на „Гучи“ да ја одржи ревијата во Њујорк доаѓа во време кога многу европски луксузни брендови се свртуваат кон северноамериканскиот пазар за да го поттикнат растот. Француската модна куќа „Диор“ неодамна ја претстави својата колекција „Круз“ во Лос Анџелес.


Демна дебитираше како креативен директор на „Гучи“ со колекција во февруари оваа година, а во јули 2025 година ја презеде оваа функција. Пред него, таа функција ја извршувал Сабато де Сарно.

Брендот „Гучи“ учествува со најголем дел од профитот на францускиот конгломерат „Керинг“, кој побара креативно ресетирање кога го назначи Гвасалија на позицијата. Потсетуваме „Керинг“ е во сопственост на сопругот на актерката Салма Хајек, Франсоа Анри Пино, а и „Баленсијага“ припаѓа на истата компанија.


Продажбата на модната куќа „Гучи“ падна за осум отсто во првиот квартал во споредба со претходната година, бидејќи војната во Иран влијаеше врз потрошувачката на Блискиот Исток и ги ограничи меѓународните патувања.

Конгломератот „Керинг“ го назначи Лука Де Меа за извршен директор минатиот септември за да го предводи пресвртот – особено во брендот „Гучи“. Тој вети дека повеќе од двојно ќе ја зголеми оперативна профитна маржа на луксузната група и ќе ја зголеми привлечноста на брендот „Гучи“ за клиентите.