Памела Андерсон повторно ги полни насловните страници поради приватниот живот, а овој пат причината е наводната романса со Том Круз.
Како што пишуваат странските медиуми, 58-годишната актерка по големото професионално враќање наводно повторно е отворена за љубовна врска, а токму славниот холивудски актер е меѓу оние кои во последните месеци особено ја импресионирале.

Како што тврдат изворите сè започнало по филмот „The Last Showgirl“, со кој Андерсон се врати во фокусот на јавноста. Круз наводно бил воодушевен од нејзината изведба, а двајцата оттогаш останале во контакт. „Филмот ги натера луѓето да ја видат Пам во сосема поинакво светло, вклучувајќи го и Том“, изјавил извор за „National Enquirer“ и додал дека меѓу нив „дефинитивно постои искра“.
Истиот извор тврди дека нивната блискост ја забележале и луѓето од нивното опкружување: „Луѓето го забележаа тоа и го споменаа Том“.

Претставниците на Андерсон и Круз сè уште не ги коментирале написите за можна љубовна врска.

Пред новите гласини за љубовна врска со Круз, Андерсон ја поврзуваа со колегата Лиам Нисон, со кој глумела во филмот „The Naked Gun“. Нивната хемија не остана незабележана за време на промоцијата на филмот минатото лето, а странските медиуми тогаш тврдеа дека се обидувале да видат дали нивната врска има иднина.
Андерсон подоцна потврдила дека кратко биле заедно, но дури откако завршило снимањето.

„Иако траеше кратко, сигурна сум дека секогаш ќе бидеме дел од животот еден на друг“, изјавила таа за „Пипл“.

Од друга страна Круз беше поврзуван со Ана де Армас. Според странските медиуми, нивната врска завршила минатата есен бидејќи актерката наводно била вознемирена од темпото со кое се развивала врската.







